ВИДЕО: „Лежи доле, лежи доле“ - како во акционен филм, српската полиција уапси голем криминалец
Белградската полиција во склоп на борбата против криминал која припадниците на српското МВР ја водат со месеци, уапси уште еден лидер нба навивачите на Партизан и тоа од групата Алкатраз, 38-годишниот Д.Ш.
Како што неофицијално дознава Курир.рс, инспекторите на полициската станица Чукарица после оперативниот потег успеале да лоцираат стан во Белград, па синоќа со помош на интервентна единица упаднал рушејќи ја вратата затоа што не сакал да отвори.
При претрес на просториите пронајдена била посебна кутија во која имало оружје и муниција. Покрај тоа пронајдени биле неколку панцири, како и знамиња од навивачката група.
Во гаражата од зградата пронајдени биле и неколку автомобили, за кои постои сомнение дека му припаѓаат на осомничениот, а на еден од нив поставени биле блинкери.
Уапсениот ѝ е познат на полицијата од претходно, а во 2017 година бил осуден на година ипол затвор поради нелегално носење оружје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа