ВИДЕО: Леден бран и снежна бура, а Грците уживаат на плажа на плус 31 степен

 

„Ова време не е нормално, не беше вака минатата година во ова време“, вели еден локален жител од локална плажа во Грција, каде изминатите денови се измерени неверојатни 31 C, додека самите Грци се збунети од овие климатски изненадувања.

Имено плажите биле полни.

„Секако е подобро отколку да седиме дома, поминавме премногу време затворени дома, продолжува жителот. И покрај фактот дека сите се на отворено, мерките се почитуваат, а претежно сите носат маски.

Сепак, она што предизвикува колективна збунетост е фактот дека на само неколку стотици километри од грчката граница, Европа „тоне“ во снежни бури. Секако, Грција само сега изгледа појужна од кога било.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа