ВИДЕО: Лампард ја скрши раката славејќи ја победата
Тренерот на англискиот прволигаш Евертон, Френк Лампард (43), ја скрши раката прославувајќи го синоќа победничкиот гол на својата екипа во премиерлигашкиот натпревар против Њукасл.
Евертон забележа важна победа (1-0) во битката за опстанок со голот на Алекс Ивоби во 99 минута.
Натпреварот беше продолжен дури 14 минути поради инцидент што се случи на почетокот на второто полувреме, кога момче втрча на теренот и се врза околу вратот за една од стативите. На редарите им беа потребни осум минути да го одврзат момчето, кое носеше маичка со натпис: „Само запрете ја нафтата“.
– Ја скршив рака за време на славјето. Беше прилично болно и раката не е стабилна, но во овој момент тоа е најмалку важно, изјави Лампард по натпреварот.
Ouch!
He might have broken his hand during the celebrations, but the three points is the only thing on Frank Lampard's mind #EVENEW #PLonPrime pic.twitter.com/HMxlUXF3L9
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) March 17, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа