(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат основно чувство за државност, свесно погазија по идеалите на Илинден

Илјадници граѓани масовно, гордо и достоинствено, во Крушево го чествуваа големиот национален празник 2ри Август - Денот на Републиката.
На достоен начин беше оддадена чест и признание на славните предци од Илинденското востание и од народно ослободителната борба. Оваа порака ја испрати портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Но и оваа како и години претходно ВМРО-ДПМНЕ на најголемиот државен празник, продолжи со недостоинствено, неодговорно и антидржавно однесување.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Александар Николоски, свесно доцнеше на предвидената агенда, за потоа да ја напуштат манифестацијата пред интонирањето на државната химна.  

Тоа е нечесно, неодговорно и срамно однесување.
ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели“, истакна Кузеска.

„На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава.
Исто постапуваше и Христијан Мицкоски кој наместо да се појави на некое од најважните локации, тој Илинден го чествуваше приватно, осамен и опкружен единствено со едвај стотина негови поддржувачи.

Мицкоски му кажа НЕ и на Илинден и на таков свечен ден не пропушти прилика да сее омраза и поделби меѓу граѓаните“, дополни Кузеска.

03.08.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега