ВМРО-ДПМНЕ: Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше

 

Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа.

А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДС и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична „соработка“ во труењето на скопјани.

Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.

Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДС-ДУИ.

Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!

Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Канцерот на скопјани, СДС и нивното време завршува.

Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз.

27.08.2025 - 19:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега