(ВИДЕО) Кузеска: Откако ќе потпишеме 280 договори ќе се отворат повеќе од 3.700 работни места

 

И во време на светска економска криза, Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со поддршка на домашната економија. Ова го истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. 

„Следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра.
Истите ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори.

Претходно, само во 2021 година истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места.

Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал“, изјави портпаролката Кузеска.

На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Северна Македонија, дополни портпаролката на СДСМ.

30.07.2022 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега