(ВИДЕО) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците, пренесуваат агенциите.

Според него, сите цивили од Азовстал биле евакуирани, а на тешко ранетите војници им била укажана медицинска помош.

Изјавил дека тие мора да бидат однесени во област под украинска контрола.

Во тек е отстранувањето на телата на загинатите бранители на Мариупол, додал Прокопенко.

 
20.05.2022 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега