(ВИДЕО) Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица работат против интересите на државата

 


ДПМНЕ и Левица го лажат народот и за тоа се платени од странски служби, ја лажат јавноста затоа што им смета дека македонскиот јазик ќе влезе во ЕУ, го лажат народот затоа што Македонците со својот идентитет ќе влезат во ЕУ им смета затоа што успеавме историјата да не биде дел од преговарачката рамка, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ од собраниската говорница.

Тој нагласи дека историјата е наша, борците од АСНОМ, Илинден остануваат наши и потсети дека токму тие од ВМРО-ДПМНЕ ги кршеа бистите на партизаните во Велес и ги фрлаа во Вардар.

Вие сте соработници на окупаторот, од Груевски навака работите против интересите на Македонија и на македонскиот народ, тоа што патолошки лажете е ваш проблем,  тоа што народот заслужува подобро да живее е наша цел. Имаме една цел, а тоа е подобра иднина на Македонија во Европската унија, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ од собраниската говорница.

15.07.2022 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега