Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, посочи тој.
„Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
Инаку, пожарот настанал синоќа околу 23:10 часот во облакодерот на кој се наоѓа на Славонска авенија во Загреб.
Според првичните информации, пожарот зафатил повеќе катови и агресивно се ширел вертикално кон подолните и погорните катови и кон кровот на зградата, а во моментот на избивањето на пожарот, во зградата немало никој.
Gori Vjesnik… Ponos Grada Zagreba, nekadašnji centar informacija (*provjerenih)
— Skandalozni (@Skandalozni) November 18, 2025
ode… pic.twitter.com/AvDARX0bRo

