ВИДЕО: „Ја носиш маската наопаку“ - на хрватски политичар среде седница му се јавиле да ја смени маската

Секретарот на пленарната седница е десна рака на претседателот на хрватското Собрание и секогаш стои на услига на претседавачите. Иван Букарица таа должност ја извршил во неколку седници на Собранието. И вчера седна на своето место со маска на лице.

Меѓутоа, во еден момент му заѕвоне телефонот. Итна дојава дека маската ја носи наопаку.

Букарица после повикот веднаш ја тргна маската, ја сврте со раце и ја врати назад на лице.

Иако природата на неговата работа бара дискреција, воздржаност, во неколку наврати на расправата реагирал со мимики и дофрлување, пренесува 24сата.хр.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега