ВИДЕО: Извлечена жена од рушевините во Мајска Полјана- куќата се срушила над неа, а сопругот ја спасил со своето тело

 

Сцените од Мајска Полјана,место кое беше меѓу најпогодените од разорен земјотрес, се прилично страшни.

Локалното население е исплашено, а куќите се уништени. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините дење и ноќе, а во една таква акција е извлечена постара жена, жива и здрава.

На социјалните мрежи е објавено видео од спасувачката мисија, каде за жал е соопштено дека нејзиниот сопруг не преживеал, а со своето тело помогнал неговата сопруга да преживее.

Инаку, претседателот на Хрватската служба за спасување на планини (ХГСС), Јосип Граниќ, извести дека во текот на ноќта, припадниците на таа служба посетиле 84 села во областа погодена од земјотресот и посочи дека не наоѓаат луѓе под урнатините или повредени на кои им е потребна итна помош. 

"Најдовме луѓе надвор, никој не беше пронајден никаде под урнатините или не беше потребна брза помош. Сепак, имавме две лица со скршени раце, за кои се погриживме и ги предадовме на службата за итна медицинска помош", рече Граниќ.

„Градот беше оштетен, но не беше срушен, тој е град кој сè уште остана на нозе“, потенцира тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега