(ВИДЕО) Ивановски: АХВ веќе 40тина дена молчат за информации поврзани со безбедноста на храната во Република Македонија
Оливер Ивановски, член во Кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со изјава ги повика министерот Љупчо Николовски и в.д. директорот Николче Бабовски да одговорат на 14те дописи кои што се доставени до Агенцијата за храна и ветеринарство, а се поврзани со безбедноста и квалитетот на храна во Република Македонија.
На 15 –ти февруари 2024 година преку Кабинетот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски се доставени 14 дописи до Агенцијата за храна и ветеринарство поврзани со безбедноста на храната. Поради не проследување на информации и нетранспарентност од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се доведува во прашање колку е функционален системот за безбедност на храна односно дали граѓаните во Република Македонија консумираат безбедна храна? - изјави Ивановски.
Во изминатата година во повеќе наврати Трипуновски и неговиот тим алармираа за увоз на зеленчук со зголемено присуство на пестициди, тешки метали со штетни и трајни последици по здравјето на граѓаните, но и за увоз на млеко и млечни производи со зголемено присуство на канцерогени афлатоксини.
Министерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство и в.д. Директорот Николче Бабовски се нетранспарентни и ги кријат информациите од граѓаните и се директно најодговорни за руинирање на институциите кои се најповикани за безбедноста на храната. Институциите мора да ја информираат јавноста за безбедноста на храната и дали храната на полиците во маркетите е безбедна по здравјето на граѓаните. - дополнително изјави Ивановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа