ВИДЕО: Илјадници луѓе на погребот на шесте млади луѓе од Посушје - во вечниот дом испратени во бели ковчези

 

Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Шана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ, кои починаа на новогодишната ноќ од гушење со гас во викенд куќа, се погребани денеска пред црквата Свети Јован Крстител на Ракитно.

Во истата црква започнаа погребните обреди и молитви, а заедничката миса е предводена од епископот мостарски и дувањски и апостолскиот администратор на Требиње и Мркањ, Петар Палиќ.

Ковчези со телата на жртвите беа изложени пред црквата пред погребите.

Потсетуваме, четири девојчиња и четири момчиња трагично починаа на новогодишната ноќ во Трибистово кај Посушје.

Вчера беа погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ . Гробиштата на Мартиќ Криш беа премали за секој што сакаше да им подаде рака на родителите и да им испрати утешни зборови за двајца млади кои си заминаа од овој свет.

Осуммината тинејџери во Посушје, Босна и Херцеговина се задушиле од отровен гас од агрегаторот за греење во викенд куќата во која славеле Нова година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега