(ВИДЕО) Хаос во САД: Се урна зграда

 

Делумно се урна станбена зграда во Девенпорт (Ајовам, САД), а спасувачките екипи успеале да спасат осум лица.

Противпожарната служба на Девенпорт соопшти дека не се знае дали има други исчезнати лица, а засега нема пријавени жртви, пренесува Гласот на Америка.

„Кога ќе се случи нешто вакво, кога ќе се случи трагедија, нашите екипи за итни случаи веднаш одат на работа и не можам доволно да им се заблагодарам“, рече градоначалникот на Девенпорт, Мајк Матсон.

Спасувачките екипи излегоа на лице место во недела попладне по локално време, откако се урна задниот дел од зградата, каде има станови на горните катови и продавници на приземјето.

Уривањето дошло при работа на фасадата, а сопственикот ги имал сите потребни дозволи, пишуваат американските медиуми. Се уште се стравува за стабилноста на градежната конструкција.

Објектот имал 84 станбени и деловни единици, а лани биле побарани речиси 20 дозволи за поправка, но најмногу се работело за водовод или струја.

29.05.2023 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега