Редовната седница на бугарското Народно собрание денеска беше прекината по драматичен физички судир меѓу пратеници, кој беше пренесуван во живо на телевизиските екрани. Тензиите ескалираа до степен на физичко насилство, принудувајќи ја претседателката на парламентот да прогласи итна пауза.

Додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, реферираше за изградбата на нови блокови во нуклеарната централа „Козлодуј“, во салата започна вербална пресметка.

Гјунај Далоолу од „ДПС – Ново начало“ и Радостин Василев, лидер на партијата „МЕЧ“.

Вербалната расправија премина во физички напад – снимките покажуваат клоцање од страна на Василев, додека Далоолу возвратил со туркање и обид за удар со тупаница.

Покрај физичката пресметка, двајцата пратеници упатиле и низа тешки навреди и закани, што целосно ја оневозможило работата на законодавниот дом.

Exit mobile version