ВИДЕО: Гори радиоактивна шума во близина на нуклеарната централа во Чернобил

 


Пожар избувна во радиоактивно контаминирана шума во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопштија властите во средата.

Околу 20 хектари горат внатре во исклучената зона на Чернобил, област на 30 километри околу местото на катастрофата во 1986 година, објави на Фејсбук гувернерот на Киевската област Руслан Кравченко.

Ова е најопасниот објект на Земјата.

Тој нагласи дека нивото на радијација е во нормални граници.

Повеќе од 200 пожарникари, меѓу кои 50 војници, се борат со огнот, соопштија локалните власти.

Пожарникарите работат со заштитни маски за да избегнат вдишување на радиоактивни елементи ослободени во земјата по нуклеарната катастрофа во 1986 година. Експертите постојано го следат нивото на позадинско зрачење. И покрај тоа, властите во Киевската област ги советуваат граѓаните да ги затворат прозорците доколку се изложени на чад.

Засега не е позната причината за пожарот, кој е ставен под контрола, но во регионот на Киев во изминатиот период владее екстремно високи температури и суша, што ги зголемува ризиците од пожари.

04.09.2024 - 22:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа