Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Драма на Шар Планина: Диви ратраци ги загрозиле животите на ренџерите

    (ВИДЕО) Драма на Шар Планина: Диви ратраци ги загрозиле животите на ренџерите

    16.01.2026 во 13:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Директорот на Јавната установа Национален парк Шар Планина, заедно со раководството на Одделението за заштита на природата и службата на ренџери, реализираа проширени контроли на теренот на Националниот парк Шар Планина, поточно во зоната на Попова Шапка, со цел надзор на спроведувањето на важечката законска регулатива и заштита на природните вредности на паркот.

    При теренските контроли, на државен имот, беше констатирано вршење на дејноста скијање со пет возила ратраци од страна на одреден оператор кој нема склучено договор, односно соодветна спогодба, со Јавната установа Национален парк Шар Планина, како што е предвидено со Одлуката за режимот на движење со моторни возила на територијата на Националниот парк Шар Планина и со Планот за управување со паркот.

    Како директен резултат на овие контроли, веднаш беше преземена мерка за забрана на движењето на ратраците на операторите кои не ги исполниле законските услови, односно кои немаат склучено договор со институцијата за регулирање на вршењето на туристичката дејност во рамките на територијата на паркот.

    За време на извршувањето на своите службени задачи, вработените на Институцијата беа попречени од операторот со движењето на ратраците, со што беше оневозможено спроведувањето на задачите предвидени со член 112 од Законот за заштита на природата. Нелегитимните постапки на операторот создадоа директен ризик за животот и безбедноста на вработените на Институцијата, со што се наруши нормалното функционирање на институционалните активности и почитувањето на законската регулатива. По настанот ќе биде поднесена пријава до Министерство за внатрешни работи и до Државен инспекторат за животна средина и просторно планирање.

    Институцијата ја потсетува јавноста дека вршењето на дејноста скијање со ратраци во Националниот парк Шар Планина е дозволено исклучиво во зоните определени за активно управување, надвор од зоната на строга заштита, и само во целосна согласност со законските и договорните услови.

    Со договорниот однос се воспоставува јасен режим на движење, надзор и одговорност на операторите, со цел ограничување на влијанието на моторизираните активности врз чувствителните живеалишта, зачувување на биодиверзитетот и заштита на еколошката рамнотежа на паркот.

    Ренџерската служба на Јавната установа Национален парк Шар Планина ќе продолжи со редовни и интензивирани теренски контроли, како и со преземање законски мерки за секоја утврдена повреда, во согласност со надлежностите утврдени со Законот за заштита на природата.

    Јавната установа Национален парк Шар Планина останува цврсто посветена на одржливото управување со заштитеното подрачје, развојот на одговорен туризам и зачувувањето на природните вредности, во интерес на јавноста и на идните генерации.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.