ВИДЕО: Ден Дончев фатен на камера како зема поткуп

Денеска на социјалните мрежи се појавија нови ауидо и видео „бомби“ на кои се гледа како поранешниот директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави Нетпрес.

Од аудиото се слуша како поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, вели дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.

Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.

На крајот на минатата година словенечката телевизија „Нова 24“ објави дека Зоран Милески Кичеец ѝ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа.

Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата ’Диамед’. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на „Диамед“, околу 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер, се наведува во текстот објавен на телевизијата „Нова24“.

Да потсетиме, Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини.

Во меѓувреме беа објавени и други аудио снимки:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега