(ВИДЕО) Ценовска-Серафимовска: Скопје, европска престолнина на културата
Со СДСМ македонската култура постигнува значајни успеси. Главниот град Скопје, е избран за европска престолнина на културата за 2028 година, истакна на денешната прес-конференција Мелиса Ценовска-Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ.
„Добивањето на оваа престижна титула ќе значи можност за силен културен развој на градот, реализација на нови проекти со кои ќе се збогати европската културна таписерија со македонските богатства. Овој избор е признание на сите заложби на институциите предводени од СДСМ, пред сè, Министерството за култура, Владата, но и поранешната локална власт во градот, која имаше визија и ја подготви апликацијата.
Додека ДПМНЕ го уназадува Скопје, му предизвикува нова катастрофа, СДСМ обезбедува можности за развој“, вели таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа