(ВИДЕО) Биков од ГEРБ: Македонија има нов идентитет, полесно променлив кој доживува криза
Во новата геополитичка реалност, антибугарската теза во Северна Македонија ќе стане маргинална, како и луѓето што ја исповедаат. Антибугарската теза во Северна Македонија е антиевропска и тоа се појасно ќе го гледа Европската Унија.
Големиот геополитички интерес на Софија е да биде на ист простор со македонското општество кое ни е најблиску.
Ова во интервју за „Бгнес“ го кажал Тома Биков, пратеник од ГЕРБ.
„Република Македонија во моментов е во процес на преминување од една во друга цивилизациска зона, од еден во друг геополитички простор. Овој тип на процес секогаш се поврзува со различни кризи, вклучително и со криза на идентитетот“, рекол Биков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа