(ВИДЕО) Ангелов: Ветерот ја влошува состојбата со пожарите

На територијата на Свети Никола денеска има три пожари на отворено, инфомрира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Истовремено како што појаснува Ангелов има сериозен пожар во Старо Нагоричане, неколку пожари на територијата на Куманово, како и пожарот кој изби на територијата на општина Демир Хисар и се движи во насока на Охрид преку планината.

„Но покрај овие има и уште неколку тешки пожари. Меѓу нив пожарот кој неколку дена гори во насока на ловиштето „Јасен“ се уште е активен и попладнево повторно се разгоре. Ветерот што дува ги разгорува пожарите и дополнително го отежнува нивното гаснење“, вели Ангелов.

До 14 часот попладнево на територија на државава имало вкупно 20 пожари, од кои осум се активни, десет се изгаснати и два се ставени под контрола.

Ангелов информира дека состојбата се менува од минута во минута.

29.07.2024 - 18:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега