Силно невреме со интезивен град го зафати беровскиот регион, при што селото Двориште беше целосно забелено од ледените врнежи.

За промената на времето и интензивната атмосферска нестабилност информираше метеорологот Славчо Попоски.

„Среда 2 септември: Силно невреме со силен град кој буквално побеле се како да е снег среде зима…село Двориште Беровско“, објави Попоски.

Нестабилното време донесе ненадеен пад на температурата и обилни врнежи во овој дел од Малешевијата.

Exit mobile version