Весна Петрушевска распали по надлежните: Имате ли памет бре, три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дајте си оставки

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по денешните дојави за бомби. Петрушевска ги повика властите да си поднесат оставки поради постојаните дојави за бомби и неспособноста за пронаоѓање на лицата или лицето и расчитување на случаите.

-Имате ли памет, бре. Девет средни училишта, трговски центар, Џевахир сити. Три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дојави за бомби. Побарајте помош од странски служби, од било каде и дадете си оставки. Ова е ненормална работа што вие се правите. Колку сте вие неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање, деца. Секое дете оди под стрес кога оди на училиште поради дојави за бомби. Три згради се симнавме долу, не знаете колку е тоа одвратно и страшно, со сирени, стари луѓе кои не можат да одат, не можат да се симнат. Не смеете лифт да употребите. Важно има секој ден дојава за бомба, а вие ништо не правите. Можеби и правите, не знам, ама не ве гледам дека правите. И дајте си оставки нека дојдат некои кои повеќе знаат, порача Петрушевска.

Инаку денеска во Скопје дојави за бомби имаше во 9 училишта, во МНР, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ Ист гејт. Дојава за бомба утринава добило и основно училиште во Кавадарци.

12.12.2022 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа