Сопственик на криптовалута успеа да го врати својот биткоин паричник што содржеше богатство во вредност од речиси 400.000 долари откако му помогна вештачкиот бот Клојд на Антропик. Вештачката интелигенција анализираше стари дигитални податоци и помогна да се врати пристапот до паричникот кој беше заклучен цели 11 години. Дигиталниот паричник останал недостапен бидејќи сопственикот ја заборавил лозинката што ја создал уште во своите студентски денови, и покрај тоа што со години упорно се обидувал да ја погоди со различни комбинации.

Пресвртот во овој долгогодишен проблем се случил кога корисникот му доставил стари датотеки од својот поранешен компјутер на вештачкиот бот Клојд. Напредниот систем бил во можност да препознае клучни информации во тие материјали и да ги поврзе со оригиналните податоци. Како што наведуваат експертите, вештачката интелигенција воопшто не ја пробила криптографската заштита на самиот систем, туку едноставно помогнала да се пронајдат старите резервни датотеки и заборавените траги за пристап кои потоа овозможиле враќање на паричникот.

Сопственикот ги купил криптовалутите во време кога еден биткоин вредел само околу 250 долари, а денес неговиот паричник вреди речиси 400.000 долари како директна последица од големиот раст на пазарот. Откако успешно го вратил пристапот до парите, сопственикот изјавил дека во знак на благодарност размислува да го именува своето дете по извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеј.

Овој специфичен случај, според експертите, јасно покажува колку е всушност важно да се чуваат старите дигитални датотеки, бидејќи дури и навидум заборавените податоци можат повторно да станат извор на големо богатство. Тие истакнуваат дека многу стари биткоин паричници кои и денес стојат заборавени на хард дискови можат да имаат огромна вредност доколку се пронајдат вистинските клучеви за пристап или зачуваните резервни податоци.

Exit mobile version