Времето утре ќе биде променливо облачно и значително нестабилно, при што на повеќе места низ земјава ќе има појава на пороен дожд, силни грмежи и засилен ветер. Според официјалното предупредување од Управата за хидрометеоролошки работи, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд кој ќе надмине 20 литри на квадратен метар. Во овие подрачја се очекуваат силни електрични празнења, засилен до силен ветер со брзина од над 70 километри на час, како и сериозни услови за појава на град.

Во однос на температурите, утринските вредности ќе се движат во интервал од 6 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 17 до 23 степени. Во Скопје и околината се очекува слично променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од пороен дожд, грмежи и засилен ветер во делови од котлината. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 10, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен.

По утрешниот бранот на нестабилност, во наредните денови ќе настапи период на променливо облачно време, но со почести сончеви периоди во текот на денот. Сепак, на локално ниво и понатаму ќе има услови за развој на нестабилна облачност која ќе донесе краткотраен пороен дожд и грмежи. Најавено е дека в недела ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе придонесе за благо стабилизирање и затворање на овој влажен бран.

Exit mobile version