Венецуелската влада денеска соопшти дека ќе ослободи уште 116 политички затвореници, во рамки на ветувањето дадено под притисок од Соединетите Американски Држави, по апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Одлуката доаѓа во услови на растечко незадоволство кај семејствата на притворените, кои со денови очекуваат реализација на најавеното ослободување, објавија француските медиуми.

Министерот за затвори Хулио Гарсија изјави дека мерката се однесува на лица обвинети за дела поврзани со нарушување на уставниот поредок и државната стабилност.

Овие мерки им користеа на лицата лишени од слобода поради кршење на уставниот поредок и стабилноста на земјата, рече Гарсија.

Сепак, податоците од невладините организации не се совпаѓаат со официјалните бројки. Организацијата „Форо Пенал“, која ги следи случаите на политички затвореници во Венецуела, соопшти дека досега регистрирала само 24 ослободени лица.

Според „Форо Пенал“, меѓу ослободените има и двајца државјани на Италија.

И покрај официјалните најави, процесот на ослободување се одвива бавно, а семејствата на затворениците секојдневно се собираат пред затворите, надевајќи се на нивно ослободување, наведуваат француските медиуми.

Exit mobile version