Велковски: Инвестираме во капиталните проекти, обезбедуваме над 200 милиони евра само за патна инфраструктура

 

Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти на централно и локално ниво остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, рече денеска на прес конференција, Диме Велковски.

Тој потенцираше дека во моментов, се градат и рехабилитираат 400 километри патишта низ државата во вредност од 840 милиони евра.

„За годинава планирани се преку 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура.

Инвестираме во 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во вредност од 12,7 милиони евра, а во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 14 милиони евра.

Поддржуваме и важни проекти во општините. Со прераспределба на средствата од ТАВ обезбедивме 35 милиони евра со кои ќе се финансираат 99 проекти во 75 општини.

Во Буџетот за 2021 година, капиталните инвестиции се планирани на околу 23 милијарди денари или за 20 отсто повеќе во однос на минатата година, со што на дело ја покажуваме заложбата за силна реализација на капитални проекти важни за локалниот развој.

Во однос на локалната самоуправа важно е да се напомене дека пратениците ги усвоија измените на Законот за рамномерен регионален развој кој има за цел да ја намали нееднаквоста меѓу општините и регионите и обезбедува рамномерна поделба на средствата во сите осум региони.

Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти, поддршката на едниците на локална самоуправа се сигурен рецепт за рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на економски раст.

Градиме по план, инвестираме во проекти важни за граѓаните„ рече Велковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега