Close Menu
Press24
    Најново

    Велјановски: Намалување на бројот на жртвите на патиштата со „Безбеден град”

    29.06.2026 во 11:24

    Лефков: Потребни се гаранции, а не нови условувања од Софија

    29.06.2026 во 11:22

    Средба Муцунски-Будрис: Македонија добива силна поддршка за евроинтеграциите

    29.06.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Велјановски: Намалување на бројот на жртвите на патиштата со „Безбеден град”
    • Лефков: Потребни се гаранции, а не нови условувања од Софија
    • Средба Муцунски-Будрис: Македонија добива силна поддршка за евроинтеграциите
    • Пекол уште во 11 часот, Скопје меѓу најтоплите градови – Од утре голема промена
    • Убиство ја потресе Македонија: Ја земал од работа, ја задушил, па рекол дека му се јавила на сон
    • Тажна вест: Почина еден од најзначајните македонски режисери
    • Зошто клима-уредите сѐ уште се реткост во Европа?
    • Министерство за култура: Владо Јаневски ќе живее преку неговите песни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Велјановски: Намалување на бројот на жртвите на патиштата со „Безбеден град”

    Велјановски: Намалување на бројот на жртвите на патиштата со „Безбеден град”

    29.06.2026 во 11:243 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден ги постави модернизацијата и дигитализацијата како клучни столбови на својата работа. Избравме конкретни реформи кои носат резултати и директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Една од тие реформи е системот „Безбеден град“,  проект кој е целосно усогласен со европските стандарди и со приоритетите на ЕУ за подобро управување и поголема безбедност на патиштата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес конференција на Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Текстот ви го пренесуваме интегрално:

    За негова успешна реализација беа донесени сите неопходни законски измени, а целиот процес се водеше транспарентно. Владата уште од самиот почеток ја информираше јавноста дека системот најнапред ќе функционира во пробен период, кој започна на 1 декември минатата година.

    Првите резултати од тестирањето јасно покажаа со каква состојба се соочувавме. Само во првите 24 часа беа регистрирани околу 110.000 прекршоци, од кои над 90%  се однесуваа на брзо возење, а беа евидентирани околу 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила. Овие бројки се силен показател дека ваков систем беше неопходен.

    Но, уште во вториот ден од пробниот период беше видлива промената. Бројот на прекршоците се намали за речиси половина, на 50.652 дневно, што покажа дека системот има силен превентивен ефект и влијае врз однесувањето на учесниците во сообраќајот.

    До моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува намалување од над 99% во споредба со првиот ден од пробната фаза.

    Главната цел на „Безбеден град“ е да се спасуваат човечки животи, да се намали бројот на тешки сообраќајни незгоди и до 2030 година да се преполоват смртните случаи и сериозните повреди на патиштата.

    Системот првично беше воведен во Скопје, Тетово, Куманово и на коридорите 8 и 10, а потоа се имплементираше и во Велес.

    Минатата недела беа поставени камери на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, додека паралелно започна и неговото постепено воведување во Охрид.

    Најважно од се е што денес зборуваме за резултати, а не за ветувања. Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година.

    Почитувани,

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат конкретни резултати.

    Денес веќе зборуваме за мерливи резултати. Намалувањето на бројот на прекршоци и на жртвите во сообраќајни незгоди покажува дека реформата ја исполнува основната цел,  спасување човечки животи и создавање побезбедни патишта за сите граѓани.

    Владата ќе продолжи со проширување на системот  Безбеден град и со инвестиции во современи технологии кои ја унапредуваат јавната безбедност, затоа што безбедноста на граѓаните нема алтернатива. Нашата обврска е да градиме држава во која законите важат подеднакво за сите, а секој граѓанин ќе се чувствува посигурно и побезбедно.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Лефков: Потребни се гаранции, а не нови условувања од Софија

    29.06.2026 во 11:22

    Средба Муцунски-Будрис: Македонија добива силна поддршка за евроинтеграциите

    29.06.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.