Велешанецот заразен со Делта сојот не верува дека има кopoна- „Ништо не ми е“

 

На инфективното одделение во Велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сој на ковид 19 за „Телма“ вели дека не верува дека има корона.

Неодамна се вратил од Англија каде работи, а се пожалил и дека условите се лоши и дека денеска очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран.

-Oтидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. Гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам од тука. По доаѓањето контактирав само со сопругата и таа е добро, нема никакви симптоми.

09.07.2021 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега