Вчера во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
- ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција
- Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет
- Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата
- Двајца мажи ги претепале партнерките
- Министерот Дурмиши од Тетово: Воведуваме фер ангажман – легална и заштитенасезонска работа во угостителството, земјоделството и домаќинствата
- (ФОТО) Геополитички земјотрес: Иранските „Шахаб-3“ проектили можат да стигнат до Европа
- МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома: Јавна набавка за организација на чартер-летови
- Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата


