Неготинец во полиција пријавил измама од 280.000 денари, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 12:40 часот во ОВР – Неготино, 66-годишен неготинец пријави дека бил измамен од машко лице за сума од 280.000 денари. Според пријавеното, тие усно се договориле пријавителот од септември 2025, да биде работно ангажиран за одреден месечен надомест, но, во периодот од јануари до август 2026 не бил исплатен, а во телефонски разговор пријавениот го навредувал и му се заканувал – информираа од СВР – Велес.

