Вечерва седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се одлучува за следните чекори на партијата
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечер во 19 часот ќе одржи седница на која партиското раководство ќе дискутира за актуелната политичка состојба во земјата, за здравствената криза, но и за идните активности на партијата.
Од опозициската партија не откриваат дали партиските лидери или претствници на партиите разговараат за датумот за избори. Официјално засега ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став за избори на средина на јули и присуство на меѓународни набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, а СДСМ за избори на 5 јули, за што роковите почнаа да течат.
Од друга страна, ДИК вчера не донесе Роковник за избори на 5 јули, што остава простор дека сепак денеска би можело да дојде до некаква промена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа