Вечерва во селото Рашче, општина Сарај, се одвива голема полициска акција во која учествуваат специјални единици на МВР, пренесува 24info.mk.

Според досегашните информации, акцијата ја спроведува СВР Скопје, а на терен се присутни бројни специјалци кои вршат претреси на повеќе локации.

Првичните информации говорат дека е пронајдена поголема количина на оружје и муниција.

Повеќе детали се очекуваат од МВР и обвинителството во текот на ноќта или рано наутро.

Exit mobile version