Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека денешните избори треба „да резултираат со формирање на Собранието и владата што е можно поскоро, со цел да се подобрат потребните процеси за земјата“, јави Бета.
По гласањето, Османи додаде дека е убедена дека „сите политички партии ќе го најдат патот за напред, со цел да имаме функционални институции со целосен легитимитет“.
„Се надевам дека нашата Република ќе има мирни, уредни и демократски избори. Се надевам дека ќе имаме избори со најголемо можно учество на граѓаните. Изборите се важен демократски процес. Се надевам дека резултатите ќе овозможат што е можно поскоро формирање на парламентот и владата, што е неопходно за важни внатрешни и меѓународни процеси за Косово“, рече Османи.

