Вчера не горела само фабрика во Битола, туку и котларница на фабрика во Дебар

Вчера попладне регистриран пожар во котларница на фабриката за флаширање вода „Маја“, која се наоѓа во близина на Дебар.

– Во Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера во 13 часот пријавен е пожар во котларница од помошни простории од фабрика во Дебар. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Дебар. Увид извршија полициски екипи од ОВР Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според командирот на дебарската ТППЕ, Џетан Мифтароски опожарена е само котларницата на фабриката „Маја“ но други простории не се зафатени.

– Станува збор за посебна просторија, каде е сместена котларницата, која е опкружена со ѕидови изградени од огноотпорен материјал. Веднаш по дојавата нашата единица интервенираше и го изгасна пожарот, вели Мифтароски.

Додава дека од почетокот на годинава ова е седма интервенција на единицата, сите во објекти, вклучувајќи ја и интервенцијата во погон за преработка на дрво и пожар во подрумски простории на станбена зграда.

 

24.01.2022 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега