Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги информира корисниците на јавниот превоз дека автобусите моментално сообраќаат согласно зимскиот возен ред.

Покрај режимот на возење, од претпријатието известуваат и за привремени измени во трасите на движење. Поради изведување на градежни работи на пат, автобусите на следните десет линии во еден дел од трасата сообраќаат по изменет режим:

  • 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118

Од ЈСП апелираат до патниците навремено да се информираат за евентуалните промени и да го прилагодат своето движење низ градот согласно актуелната состојба на терен.

Exit mobile version