Дипломатските напори за смирување на тензиите на Блискиот Исток влегуваат во клучна фаза откако САД поставија пет главни услови во својот одговор на предлогот на Иран. Според достапните информации, овие барања се директно поврзани со иранската нуклеарна програма и судбината на замрзнатите финансиски средства.

Американската страна целосно го отфрлила барањето за исплата на какви било компензации кон Иран и побарала предавање на залихите со високо збогатен ураниум. Дополнително, Вашингтон инсистира само една нуклеарна централа да остане оперативна во Иран, додека крајот на конфликтот на сите фронтови се условува со продолжување на преговорите. На економски план, САД не се согласни со ослободување на 25 проценти од замрзнатите ирански средства.

Од друга страна, Техеран претходно изразил подготвеност за разговори за прекин на непријателствата во регионот, вклучително и во Либан, за нуклеарната програма, санкциите и безбедноста на Ормуската Теснина. Сепак, Иран инсистира на јасно дефиниран механизам за укинување на санкциите што би го гарантирала меѓународната заедница, како и цврсти меѓународни гаранции за спроведување на евентуален договор со Вашингтон.

Exit mobile version