Доколку поседувате возило чија регистрација е одамна истечена, а планирате да го однесете на технички преглед, АМСМ предупредува дека самостојното управување со такво возило низ улиците е сериозен ризик. Покрај безбедносниот аспект, возачите се изложени на висок ризик од високи парични казни преку системот „Safe City“.
Единствениот безбеден и законски начин да го транспортирате вашето нерегистрирано возило до станицата за технички преглед е преку професионална шлеп служба.
За оваа услуга, возачите можат да се обратат на краткиот број 196 или да побараат помош онлајн преку мобилната апликација на АМСМ.

