Вчера во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.
Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Хаос во центарот на Солун: Жестоки судири, има повредени и над 300 приведени по напад со молотови коктели
- Трагедија го потресе светот: Автобус полн со сватови излета во провалија, има загинати
- (ВИДЕО) Голема полициска акција во Скопје и Источна Македонија: Запленети над 40 тони марихуана и над 1300 шишиња масло од канабис
- САД притискаат за мировен договор во Украина до март
- Крвава пресметка во скопска обложувалница: 18-годишник претепал малолетник
- Драма во регионот: Запрен автобус полн со деца, полицијата веднаш забранила да продолжи со возење
- Не им доаѓа памет: Одземени уште седум возила во Македонија – возачите немале возачки
- Полицијата приведе шест пијани возачи, тројца од нив предизвикале сообраќајки

