Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

 


Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

-Еве ме на 60 годишнината на моето основно училиште „Јан Амос Коменски“, каде прв пат зачекорив во школските клупи. Денес зачекорив да го дадам гласот за себе, се разбира. Ова е малку необична ситуација затоа што ние на Универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа ова е друг тип на битка, ова е политичка битка, во која всушност со чинот на гласање ја изразувам сопстевната убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број на граѓани ќе го направат тој чекор, да дојдат до гласачките места.Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер.  Па, ќе видиме како граѓаните ќе проценат. Овде учителките ме процениле одамна, рече Ванковска во изјава за медиумите.

Посака убав сончев ден, како што почна да заврши мирно, коректно, без нерегуларности.

24.04.2024 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега