Вандализиран гроб на африкански роб во знак на одмазда поради рушењето статуа на трговците со робови

Гроб на африкански роб во Бристол е вандализиран во знак на одмазда.

Претходно демонстратнтите против расизам во тој град ја срушија статуата на Едвард Костон, робовласник од колонијалната ера.

Искршени се две надгробни плочи подигнати во знак на сеќавање на Скипио Африканус, кој живеел во Бристол во 18век, додека во близина е испишана заканувачка порака која повикува да се врати статуата на Колтон.

Споменикот на африканскиот роб во дворот на црквата Хенбуриј во Бристол се наоѓа на листата на објекти за кои постои историски интерес да бидат сочувани, пренесува АП.

Скипио Африканус му бил слуга на Чарлс Хуард, 7. Ерл од Шафолк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега