Додека едни чистат, други уништуваат. Непознати сторители во текот на изминатиов викенд опожариле четири контејнери во општина Кисела Вода. Садовите за отпад лоцирани на улицата „Невена Георгиева-Дуња“ се целосно уништени и веќе не се употребливи.
Од ЈП Комунална хигиена веднаш реагирале и ги замениле со нови садови за да не се наруши собирањето на сметот, но бројките за вандализмот се поразителни.
Викендов 4 уништени контејнери во Кисела Вода.
Од почетокот на 2026 опожарени се 11 садови.
Минатата година биле запалени вкупно 27 контејнери.
Ваквото неодговорно однесување на поединци не само што предизвикува директна финансиска штета на претпријатието, туку и ја загрозува околината и безбедноста на граѓаните во населбата.

