ОВР Кичево поднесена кривична пријава против А.Л.(36) од селото Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264 од Кривичниот законик.
Тој, од страна на полициските службеници бил затекнат како врши оштетување на еден од вагоните на т.н. воз „Ќиро“ марка HENCSHEL SON CASSEL N-1507 од 1917 година кој се наоѓа на булеварот „Ослободување“ во близина на железничка станица во Кичево. Возот, согласно известување од Националната установа музеј „Западна Македонија во НОБ“ од Кичево, е музејски предмет со историска вредност.
- Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
- Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
- Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
- Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
- ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
- Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
- На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
- Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

