Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Валандово ја започна обновата на Градскиот стадион

    Валандово ја започна обновата на Градскиот стадион

    01.07.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Валандово ја започна најавената реконструкција на спортската инфраструктура со уредување на трибините на Градскиот стадион. Во тек се градежни работи, а веќе следната недела е предвидено да бидат монтирани 1.500 нови седишта за публиката, кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

    Локалните власти посочуваат дека проектот има за цел да обезбеди соодветни стандарди за спортистите и навивачите.

    „Од Општината информираат дека со оваа инвестиција стадионот ќе добие помодерни услови за одигрување натпревари и за следење на спортските настани, а реконструкцијата е само прв чекор од поширокиот план за обнова на спортските терени и игралишта во општината. Покрај уредувањето на Градскиот стадион каде домашните натпревари ги игра ФК „Победа”, општинските власти планираат реконструкција и на останатите спортски терени и игралишта во Општината.“

    Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, пред јавноста детално ги образложи следните фази кои вклучуваат интервенции и во околните населени места.

    „- Во првата фаза, на градскиот стадион ќе се реконструира она што е најнеопходно, додека во Пирава ќе имаме донација од 2 300 столчиња од ФФМ. Исто така, и реконструкцијата на соблекувалната во Валандово ќе биде обврска на ФФМ, што веќе е договорено. Со истиот план ќе се опфати и игралиштето на Агенцијата за млади и спорт, бидејќи и таму трибините се со изгниени тапи, па ќе поставиме нови столчиња и ќе го дополниме осветлувањето со уште два столба на теренот. Предвидено е да се постави и комплетно осветлување на стадионот „Ѓорѓе Џонов” во Пирава, најави Камчев на седница на општинскиот совет и додаде дека очекува сите активности да се завршат оваа година.“

    Според првиот човек на Општината, реконструкциите освен со општински пари и дел со средства од ФФМ, ќе бидат финансирани и од други донатори.

    Овие капитални зафати се дел од стратешките документи на локалната самоуправа за тековната сезона. Активностите за реконструкција на сите фудбалски игралишта на подрачје на општината и поставување на дополнително осветлување, како и санацијата на фудбалскиот стадион во градот се дел од Програмата за локален економски развој на општина Валандово за 2026 година.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.