Close Menu
Press24
    Најново

    Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената

    03.04.2026 во 21:15

    Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува

    03.04.2026 во 21:12

    Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца

    03.04.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува
    • Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца
    • Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток
    • Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

    Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

    26.02.2026 во 08:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Известувачот на Европски парламент за Северна Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) ќе го претстави годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјата.

    Во документот тој оценува дека во актуелниот геополитички контекст, од клучно значење е сите политички чинители, особено Владата, да испорачаат конкретни резултати во суштинските реформски области. Истовремено, посочува дека и ЕУ и земјите членки треба да ги исполнат своите обврски и активно дипломатски да ја поддржат државата на нејзиниот евроинтегративен пат.

    Ова е втор извештај на Вајц за земјата од 2022 година наваму. Во образложението тој наведува дека целта е да се даде објективна и избалансирана оценка за напредокот во пристапниот процес, во согласност со Пакетот за проширување на Европска комисија за 2025 година.

    Според него, Северна Македонија се наоѓа во сложена позиција поради застојот во пристапните преговори. И покрај одредени позитивни чекори, реформите – особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата – се одвиваат со недоволна динамика. Како причини ги наведува изборниот циклус, ограничените административни капацитети и недостигот од долгорочна политичка посветеност.

    Во нацрт-извештајот се констатира и дека нема напредок околу уставните измени, поради стравувања од нови билатерални блокади, особено од Бугарија. Вајц повикува на зголемена политичка волја од сите страни за надминување на ќор-сокакот.

    Тој нагласува дека во услови на нарушен меѓународен поредок, вклучително и поради руската агресија врз Украина и неизвесноста околу трансатлантските односи, европското единство е од суштинско значење. Можно е, смета Вајц, новиот геополитички контекст да отвори простор за забрзување на проширувањето, но процесот ќе остане строго базиран на заслуги и напредок во фундаменталните реформи.

    Во документот се изразува поддршка за стратешката определба на земјата за членство во ЕУ и за проевропската ориентација на граѓаните, но се потенцира потребата од обновена политичка динамика – вклучително и уставните измени, конструктивен меѓупартиски дијалог и засилен парламентарен надзор.

    Во делот за медиумите и граѓанското општество се нотира потреба од поголема медиумска независност, борба против дезинформации и посилно вклучување на граѓанскиот сектор во реформските процеси. Во однос на основните права, рамката е оценета како генерално задоволителна, но со потреба од напредок во родовата еднаквост, правата на немнозинските заедници, лицата со попреченост и ЛГТБ-заедницата.

    Во областа на владеењето на правото се укажува дека политичката поларизација и ниската доверба во институциите продолжуваат да го отежнуваат спроведувањето на клучните реформи. Во економско-социјалната сфера се поздравуваат почетните чекори од реформската агенда, но се бараат дополнителни напори, особено за активирање на пазарот на труд.

    Во делот за животната средина, енергијата и транспортот се поздравува напредокот со Законот за енергетика и инфраструктурните проекти поврзани со Коридорите 8 и 10, но се нагласува потребата од зголемени инвестиции и усогласување со европското законодавство.

    Документот ќе помине низ амандманска фаза во Европскиот парламент, по што ќе следува гласање во АФЕТ во мај и конечна одлука на пленарна седница пред летната пауза. Минатата година, Европскиот парламент го усвои претходниот извештај на Вајц со мнозинство гласови, при што тој оцени дека земјата покажала сериозна посветеност на европските вредности, но дека процесот на пристапување предолго е оптоварен со билатерални спорови, што создава разочарување кај јавноста.

    Top News
    Популарно

    Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената

    03.04.2026 во 21:15

    Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува

    03.04.2026 во 21:12

    Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца

    03.04.2026 во 20:54

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.