Утрово во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од –3 до 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 16 до 20 степени.
Во Скопје, наутро на поединечни локации ќе се појави слаба магла. Преку ден ќе биде сончево, претежно тивко, со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 16 степени.
Утре се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, со пориви над 60 km/h. Дневните температури ќе останат речиси непроменети.

