Ужасни бројки: Повеќе од 500 деца убиени во Украина од почетокот на војната
Од почетокот на војната, во февруари 2022 година, во Украина се убиени 589 деца, а повеќе од 1.681 се повредени, соопшти Украинското Јавно обвинителство за малолетници.
Најмногу деца починале во регионите Доњецк (598) и Харков (459), а потоа следат Херсон (187), Днепропетровск (190), Киев (133), Запорожје (154) и Николаев (117), пренесува Суспилна.
Обвинителството потсетува дека во понеделникот, на 11 ноември, како резултат на гранатирањето на градот Криви Рих во областа Днепропетровск, загинаа две десетгодишни момчиња, како и двомесечно девојче, а рането е едно единаесетгодишно момче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа