Трагедија ја потресе македонската престолнина откако маж бил пронајден починат во својот дом со видливи траги на насилство, соопшти МВР.

Според полициските информации, на 22 октомври 2026 година во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Ѓорче Петров во својот дом е пронајден починатиот 62-годишен С.Ј.

Лекар од Итната медицинска помош кој излегол на терен ја констатирал смртта и забележал траги на насилство на телото. На местото на настанот бил извршен детален увид од страна на полициските екипи и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Надлежните институции преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на овој тежок случај и откривање на сторителите.

Exit mobile version