Секоја година на 24 октомври се одбележува Денот на Обединетите нации, во знак на сеќавање на денот кога во 1945 година официјално стапи во сила основачката Повелба на светската организација.

Повелбата беше потпишана на 26 јуни 1945 година, а нејзиното стапување во сила на 24 октомври истата година уследи по ратификацијата од страна на тогашните постојани членки на Советот за безбедност – Велика Британија, Франција, Кина, САД и Советскиот Сојуз. Со воспоставувањето на ОН по Втората светска война беа поставени темелите на меѓународниот систем насочен кон зачувување на мирот и спречување на нови глобални конфликти.

Повеќе од осум децении подоцна, Организацијата на обединетите нации останува најобемниот форум за меѓународна соработка. Иако се соочува со бројни предизвици, спротивставени интереси на државите и ограничувања во извршната моќ, ОН одигра клучна улога во решавањето хуманитарни кризи, обезбедување помош за бегалците, заштита на децата и унапредување на човековите права преку своите специјализирани агенции како што се УНИЦЕФ, СЗО и Високиот комесар за бегалци.

Exit mobile version