Протестите во Албанија продолжуваат со нови собири и демонстрации кои се организираат на национално ниво, објави новинската агенција АТА.

Според најавите, студентите се собираат пред зградата на Министерството за образование во главниот град, по што е предвидено да се упатат кон зградата на Советот на министри. Истовремено, главната опозициска сила, Демократската партија, ги повика своите активисти и партиски структури да се приклучат на масовните протести во поддршка на младите.

По повод новите демонстрации, албанскиот премиер Еди Рама упати нов јавен повик за дијалог, но во исто време испрати и остра порака и предупредување дека сите кои поттикнуваат или вршат насилство ќе сносуваат строги правни и финансиски последици.

„Сите оние кои го величаат насилството, го повторуваат или вршат насилство, мора да разберат дека теророт врз населението, бизнисите и семејствата ќе биде казнет. Кој и да мисли дека може да ја фрли државата на колена прави најголема грешка“, порача Рама, додавајќи дека сторителите на директно насилство ќе се соочат со казнени мерки од Кривичниот законик и финансиски санкции.

Протестите во Албанија предизвикуваат зголемени безбедносни мерки и внимание во јавноста, додека надлежните институции апелираат на мирно изразување на ревотот и решавање на проблемите преку институционален дијалог.

Exit mobile version